Search

Банкнотата од 500 евра заминува во историјата

Централните банки на Германија и Австрија само до крајот на неделава, односно до 26 април ќе издаваат банкнота од 500 евра. Преостанатите 17 централни банки во еврозоната го прекинаа печатењето на таа банкнота уште во јануари.

Европската централна банка во 2016 донела одлука во новата серија банкноти со зголемени безбедносни карактеристики повеќе да не биде и таа од 500 евра. Надлежните сметаат дека укинувањето на оваа банкнота ќе придонесе за сузбивање на тероризмот и работата на црно.

Претседателот на германската централна банка, Јоханес Берман, за весникот ,,Франкфуртер алгемајне цајтунг” изјави дека централните банки во Германија и Австрија досега издавале најмногу банкноти од 500 евра.

„Затоа беше донесена одлука тие последни да го престанат со издавањето. Голем логистички потфат е сите банкноти од 500 евра да се заменат со банкноти од 100 евра”, рече Берман.

Моментно уште во оптек се 509 милиони парчиња банкноти од 500 евра со номинална вредност од 256 милијарди евра.

Треба да знаете
Последни објави