Search

Вучиќ со 150.000 луѓе против „1 од 5 милиони“

Србија е се уште тука, се уште се натпреваруваме и бориме, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на денешниот завршен митинг од кампањата „Индината на Србија“, кој се одржа пред српското собрание.

Во својот говор Вучиќ зборуваше за добрата економија, дека и покрај силните играчи, Србија останува во игра, а што се однесува за ситуацијата со Косово, наведе дека се залага за мир, како и дека не сака војна во 21 век, но рече дека разговорите одат тешко со албанската страна и дека Србија нема да седне на маса се додека не се повлечат таксите од сто проценти. Србија рече Вучиќ нема да попушти на притисокот.

-И можете да се заканувате и да вршите притисок. Србија рече нема разговори. Повлечете ги таксите, ќе разговараме. А ние да ви вршиме дополнителни отстапки за да кажете дека Србија е поразена и понижена. Нашиот одговор е – има само една работа која е полошо да се загуби од главата.  Главата е скапа, но една работа е поскапа. И тоа не го заборавајте ниту вие на Западот, наши драги пријатели, ниту ви Албанци. А тоа е образот. Образот е најскапа работа на светот, никогаш не се обидувајте да и го извалкате на Србија, порача Вучиќ.

Премиерката Aна Брнабиќ порача дека Србија е определена за влез во ЕУ, но и за соработка со сите земји.

-Нам не ни е важно каква вероисповед има некој, ниту кој пол е, ниту која националност е и етничка припадност, ниту каква сексуална ориентација, ниту кој политички го поддржува…држава за сите граѓани. Затоа е владеењето на правото. Но, нека не ни зборуваат за владеење на правото, оние кои само за еден ден отпуштија 840 судии, само затоа што не биле политички подобни. А тоа го правеа тие, и денеска имаат образ да ни зборуваат за владеење на правото, порача Брнабиќ.

Според проценките, на собирот се собраа околу 150.000 поддржувачи на политиката на Вучиќ, со пароли за подобра иднина и пристојна Србија.

Треба да знаете
Последни објави