Search

Јавноста бара да му се одземе лиценцата на психолог поради навреди на децата со посебни потреби

Навредлив коментар на член на Комората на психолози објавен на Фејсбук предизвика лавина реакции на социјалната мрежа. Комората јавно го осуди и се огради од коментарот на својот член Јове Хагиевски, кој објави фотографија на премиерот Зоран Заев со лицата со инвалидитет и со попреченост коментирајќи дека ,,премиерот конечно е во друштво со интелектуално рамноправни на себе”.

Комората на психолози веднаш го осуди ваквиот став и најави дека ќе свикаат итна седница на која ќе бидат преземени соодветни мерки за нивниот член.

,,Комората на психолози остро го осудува и се оградува од невредливи и дискриминирачки ставови објавени на приватен профил на Фејсбук од страна на член на Комората. Управниот одбор на Комората на психолози свика итна седница на која ќе се дискутира за овој настан и ќе се преземат соодветни мерки согласно Етичкиот кодекс на психолозите”, се вели во реакцијата објавена на Фејсбук.

Хагиевски е претседател на Интернационалниот Гешталт институт во Македонија. Откако негата објава наиде на бројни реакции и осуди, тој се извини на социјалната мрежа.

,,Им се извинувам на сите оние кои несакајќи го засегнав со користење на погрешниот контекст”, напиша тој.

Но, револтираните граѓани му порачаа : ,,Лицата со посебни потреби се тука за да ги сакаме и почитуваме различностите и да се инклузираме во едно општество. Вие и таквите како вас се тука за да сфатиме какви луѓе не треба да бидеме. Очигледно сте немале поим со кои родители се замеривте. Срам да ви е!”.

Треба да знаете
Последни објави