Search

Kупила куќа на кредит и го поканила момчето да се живеат заедно, не била свесна каков пекол ја очекува

Сакате да започнете заеднички живот со саканата личност? Тоа е убав и важен чекор во секоја врска, но Шели (37)  предупредува на работи кои можат да тргнат наопаку, работи кои никогаш не би ги очекувале. 

– Се надевам дека ниту една жена нема да дојде во оваа ситуација, учете од моите грешки, вака ја започнува својата исповед оваа девојка.

Ова е нејзиното искуство:

– На свои 34 години купив своја куќа на кредит. Имав прекрасно момче, бевме заедно година дена и сакавме да започнеме нов заеднички живот. Се договоривме ратата за кредитот да го плаќаме по половина и да ги делиме сметките, но кога се всели, ја видов неговата друга страна. Се мораше да биде по негово, почна да поправа и да гради се и сешто по куќа, без никакви консултации со мене. Изгради шупа во дворот и купи луксузна када иако на нас ниту едно од тие работи не ни беа потребни. Почнавме се повеќе и повеќе да се караме и на крајот раскинавме, после две години заеднички живот. Сега тој на сите страни зборува како му должам 15.000 долари кој ги вложил во мојата куќа и секој ден бара да му ги вратам. Се уште се караме околу тоа, а тој почнува да се дере кога ќе слушне дека некаде сум отпатувала бидејќи тие пари треба да му ги дадам на него, а не да ги трошам за себе, раскажува Шејли.

– Околу 10 посто од невенчаните парови односно повеќе од 7 милиони луѓе живеат со партнерите. Тие радо ги делат трошоците во однос на венчаните парови и цимери., вели професорката Соња Брит.

Треба да знаете
Последни објави