Марија Пејчиновиќ-Буриќ и Дидие Рејндерс кандидати за генерален секретар на Советот на Европа

Комитетот на министрите на Советот на Европа, по сослушувањето на сите четворица кандидати за генерален секретар на Советот на Европа, одлучи до Парламентарното собрание за оваа функција да ги предложи Марија Пејчиновиќ-Буриќ од Хрватска и Дидие Рејндерс од Белгија, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Рејндерс е белгиски министер за надворешни работи и одбрана, а Пејчиновиќ-Буриќ е шеф на хрватската дипломатија и вице-премиер.

Во трката за генерален секретар покрај двајцата номинирани кандидати беа и поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани и литванскиот премиер Андриус Кубилиус.

Парламентарното собрание ќе го избере следниот генерален секретар на неговата јунска сесија од 24 до 28 јуни 2019 година.

Новиот генерален секретар ќе ја преземе функцијата од сегашниот Торбјорн Јагланд на 1 октомври 2019 година

Треба да знаете
Последни објави