Бројот на барања за азил во Германија е превисок

Шефот на германската Федерална канцеларија за миграции и бегалци (БАМФ) тврди дека и покрај намалувањето на азилот од 2015 година, бројот на нови апликации се уште е превисок, пренесува „Дојче веле“.

Шефот на БАМФ, Ханс-Екхард Сомер, истакна дека Германија сé уште добива премногу барања на азил велејќи:

„Минатата година регистриравме 162.000 барања за азил што значи дека секоја година еден голем град доаѓа кај нас.”

Сомер, исто така, додаде дека огромното мнозинство од оние што доаѓаат во Германија по азил не им е одобрено барањето и дека само 35 отсто добиваат некаква форма на статус на азил.

„Јасно гледаме дека многу луѓе доаѓаат тука без да имаат причина за азил”, рече Сомер.

Идејата за „горна граница” за апликациите за азил е на лидерот на Баварската христијанска социјална унија (ЦСУ) Хорст Зихофер по кризата во 2015 година, кога побара земјата да има граница од 200.000 барања за азил годишно.

Горната граница подоцна беше вклучена во договорот за голема коалиција минатата година, кога ЦСУ и Христијанската демократска заедница (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел формираа влада со левичарските социјалдемократи (СПД).

Повеќе од 200.000 азиланти во Германија се заведени со роденден на 1 јануари бидејќи пристигнале без каква било форма на идентификација.

Шефот на БАМФ изјави дека, во принцип, се согласил со горната граница, но не сакал да утврди апсолутна цел за бројот на барања за азил годишно, велејќи:

„Ако некој дојде со легитимна причина за барање азил, тогаш исто така мора да го препознаеме ова и не може да го сведеме на статистика “.

Друг голем проблем со кој се соочи Германија во последниве години е бројот на баратели на азил кои пристигнуваат во земјата без патни документи или други форми на идентификација.

Во 2018 година, беше откриено дека од 2014 година најмалку 200.000 мигранти влегле во Германија без каква било форма на идентификација, а 125. 408 од нив дошле во екот на мигрантската криза следната година.

Минатата година, Сомер рече дека околу 54 отсто од барателите на азил немаат документи за идентификација.

Треба да знаете
Последни објави