Search

Солскјер почнува со одлуки кој ќе остане, а кој ќе замине од „Јунајтед“

Извесно е дека Оле Гунар Солскјер ќе остане на клупата на Манчестер Јунајтед по оваа сезона, односно дека администрацијата ќе му даде шанса да го докаже својот тренерски потенцијал.

Затоа почна со планови, и според англиски медиуми, тој исто така составил листа на играчи за кои нема да смета следната сезона.

„Манчестер ивнинг њуз” објави дека Антонио Валенсија сигурно ќе го напушти клубот, а Матео Дармијам и Маркос Рохо исто така ќе заминат од клубот.

Проблемот е Алексис Санчез кого сакаат да го продадат, но се поставува прашањето дали постои клуб што е подготвен да плати за него.

Иднината на Хуан Мата во Јунајтед е исто така под знак прашање, и засега од управат има најави за само една година продолжен договор. 

Треба да знаете
Последни објави