Search

Жиру сериозен за напуштање на Челзи

Оливие Жиру сериозно размислува за заминување од Челзи, не доби доволно простор во лондонскиот клуб и летоска најверојатно ќе ја смени средината.

Извонредно играше во Лига Европа каде против Динамо Киев постигна три голови.

– Не се плашам да се спуштам едно ниво пониско за да може да играм. Можно е да ја завршам кариерата во Франција, изјави искусниот напаѓач.

На прашање дали Лион е опција, Жиру вели:
– Лион е споменат бидејќи претседателот на тој клуб зборуваше за тоа. Многу сум среќен заради интересирањето од Франција.

Треба да знаете
Последни објави