Search

Јокиќ ги сруши Селтикс, Вориорси паднаа во Сан Антонио

Победата на Деневер нагетс над Бостон Селтикс и поразот на Голден стејт вориорс од Сан Антонио спарс ги израмни овие два тима на челната позиција во Западната конференција во НБА-лигата. Во финишот на сезоната, на 13 натпревари до крајот, Денвер и Голден стејт имаат по 47 победи и 22 порази.

Сан Антонио во вистинско време влезе во форма, против Вориорси ја забележаа деветтата победа во низа. Спарси триумфираа пред своите навивачи, 111:105.

Спарси до победата ги предводеа Демар Дерозан со 26 поени, 9 скока и 8 асистенции, односно Ламаркус Олдриџ со 23 поени и 13 скока. Кај Вориорси најефикасни беа Стеф Кари со 25 поени, 7 скока, 8 асистенции и Кевин Дурент со 24 поени.

Деневер нагетс, предводен од Никола Јокиќ, победи во Бостон 114:105. Со оваа победа Денвер и теоретски се пласира во плејофот, каде што последен пат играше во сезоната 2012/2013.

Јокиќ натпреварот го заврши со 21 поен, 13 скока, 7 асистенции, 3 украдени топки и 2 блокади. Српскиот центар погоди два важни тројки, во финишот кога се решаваше победникот.

Покрај Јокиќ, уште петмина играчи на Денвер постигнаа двоцифрен број поени. Кај Бостон најефикасен беше Кајри Ирвинг со 30 поени.

Двејн Вејд по завршувањето на сезоната ќе се пензионира, а во Оклахома покажа дека е класа иако има 37 години. Мајами хит победи кај Оклахома 116:107. Вејд мечот го заврши со 25 поени, 4 скока и 5 асистенции. Поен повеќе за Мајами постигна Горан Драгиќ.

Оклахома ја предводеше Пол Џорџ со 31 поен и 9 скока.

Резултати:

Кливленд Квалирс-Детроит Пистонс 126:119

Вашингтон Визардс-Јута Џез 95:116

Торонто Репторс-Њујорк Никс 128:92

Далас Маверикс-Њу Орлеанс Пеликанс 125:129

Финикс Санс-Чикаго Булс 101:116

Портламд Трејлблејзерс-Индијана Пејсерс 106:98.

Треба да знаете
Последни објави