Search

Тепачка на натпреварот во Кливленд

Кошаркарите на Торонто Репторс доживеаја тежок и неочекуван пораз во Кливленд 126:101. Натпреварот во Охајо го обележа тепачката помеѓу Серж Ибака и Маркис Крис.

Инцидентот се случи во третата четвртина при едно додавање за Крис преку целиот терен. Ибака заврши на паркетот, а потоа тој го зграпчи и го удри со тупаница Крис. Играчот на Кливленд возвратил, а потоа тепачите беа раздвоени од своите соиграчи.

Двајцата беа исклучени и ги очекува дополнителна казна.

На теренот кај Кливенд се истакнаа Колин Секстон (28 поени), Кевин Лав (16 поени, 18 скока), Чеди Осман (19 поени) и Анте Жижиќ (17 поени).

Најефикасен кај Торонто со 28 поени беше Каваи Ленард.

Треба да знаете
Последни објави