Search

Трамп бара 500 милиони долари за борба против влијанието на Русија во Европа

Во предлог буџетот за 2020 година, што американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предложи на усвојување до Конгресот, се предвидени 500 милиони долари за борба против влијанието на Русија во Европа, Евроазија и Централна Азија.

Во делот насловен „Борба против злонамерното руско влијание” се предвидени 500 милиони долари „во полза на општата безбедност, заштита на територијалниот интегритет на сојузниците на САД, и обесхрабрување на земјите партнери од користење на руска воена техника”.

Покрај тоа, во САД сметаат дека потребна е помош за подобрување на макроекономските показатели на сојузниците и запирање на „зависноста” од трговијата со Русија и руските енергенси. Покрај тоа, документот повикува од неопходност на САД да се фокусираат на „стратешкото соперништво” со Русија и Кина.

Во предлог буџетот е вклучено кратење на неодбранбените расходи за 54 милијарди долари (девет отсто). Предвидени се вкупни расходи за одбрана во висина од 750 милијарди долари, или пет отсто повеќе во споредба со тековниот буџет.

Кибер безбедноста во енергетиката е еден од основните приоритети на администрацијата во Вашингтон и за неа се предвидни 156 милиони долари.

Се очекува жестока политичка дебата за овој предлог буџет, кој Демократската партија го критикува поради барањето од 8,6 милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мексико

Треба да знаете
Последни објави