Search

Ердоган: Никој не може да ја дели Турција

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, порача дека никој не може да ја дели неговата земја.

„Турција никој не може да ја дели, ниту може да прави резови на нашата територија”, рече Ердоган на обраќањето на преидзобрниот митинг во Хаккариј, во југоисточна Турција.

Тој истакна дека последниве години се отстранети пречките во Турција коишто го намалуваа квалитетот на демократскиот живот.

„Една нација, едно знаме, една татковина, една држава. Ќе бидеме едно, ќе бидеме силни, ќе бидеме динамични, ќе бидеме браќа и сите ние ќе бидеме Турција”, рече Ердоган.

„Ги слушаме проблемите, желбите, барањата на секој член на ова општество и ги решаваме сите”, рече Ердоган. Тој, исто така, истакна дека Турција вложила огромни напори во борбата против тероризмот во изминатите 17 години.

Треба да знаете
Последни објави