Search

Експлозија во електричен трансформатор во Каракас

Во електричен трансформатор во главниот град на Венецуела, Каракас, денеска се случи експлозија.

Очевидци тврдат дека по експлозијата избил пожар.

Експлозијата предизвикала хаос меѓу граѓаните на Венецуела, кои деновиве се погодени од редовен прекин на електричната енергија.

Опозицискиот лидер Хуан Гуаидо изјави дека државните инженери не успеале да поправат три од четирите трансформери коиексплодирале.

Гуаидо за прекинот на струјата ја обвинува корупцијата во Владата и лошото раководење.

Треба да знаете
Последни објави