Search

Сирија го отфрла стручниот заклучок дека во Дума било користено хемиско оружје

Сириското Министерство за надворешни работи денеска објави дека категорично го отфрла заклучокот на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) според кој во нападот на сирискиот град Дума во април 2018 година биле употребени токсични хемикалии.

Во тоа време Дума беше под контрола на бунтовниците, но и под опсада на провладините сили.

„Сирија категорично ги отфрла заклучоците на тимот од мисијата. Тие не се разликуваат од претходните извештаи на таа мисија, кои беа очигледно извртување на фактите“, објави Министерството, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Истрагата на OPCW никому не не припишува вина, но вели дека собраните податоци сугерираат оти на 7 април 2018 година токсични хемикалии биле користени како оружје.

Треба да знаете
Последни објави