Search

САД: Нема планови за воена интервенција во Венецуела

Официјални претставници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјавиja дека нема планови  американската армија да интервенира во Венецуела, и покрај тоа што шефот на Белата куќа и други функционери повторуваат дека се разгледуваат сите опции.

Специјалниот американски претставник за Венецуела, Елиот Абрамс и директорот на УСАИД, Марк Грин, нагласија пред сенатскиот Комитет за надворешни работи дека администрацијата на Трамп промовира мирна политичка транзиција во Венецуела.

Абрамс рече дека администрацијата на Трамп е целосно фокусирана на вршењето  дипломатски и економски притисок врз претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, преку санкции.

Тој рече дека воведувањето наскоро ќе биде објавено за нови санкции и дека тие би можеле да бидат насочени против некои странски банки, ако се открие дека тие му помагаат на Мадуро.

Треба да знаете
Последни објави