Search

Пендаровски: 24 часа мене и моето семејство ме следи странска разузнавачка служба блиска до опозицијата

Пендаровски: 24 часа мене и моето семејство ме следи странска разузнавачка служба блиска до опозицијата

24 часа мене, а веројатно и моето семејство, ме следи странска разузнавачка служба блиска до наша голема опозициска партија. За 10 дена неколку пати се објавуваат фотографии од тоа каде се движам, вели Стево Пендаровски, консензуален кандидат за претседател на владејачката структура во интервју за 1 ТВ.

– Ова е само сигнал, насоката во која ќе се движи кампањата за претседател, само што ќе биде уште повалкана. Мене не ми се блиски подземни кампањи, јас ќе одговорам со аргументи и јавно. Остатоците од режимот не смеат да бидат толерирани, тоа е работа на институциите од оваа власт – вели претседателскиот кандидат.

Пендаровски вели дека пред пет години, во време на режим, врз него немало физичко следење, а телефоните му биле прислушувани четири години.

Треба да знаете
Последни објави