Search

Утврден реформскиот пакет предлог-закони за Јавното обвинителство

Владата на денешната 124. редовна седница, по предлог на Министерството за правда, го утврди текстот на предлог-законот за Јавно обвинителство и донесе одлука да го достави до Собранието на усвојување.

Главна цел на донесувањето на овој закон е зајакнување на професионалноста и одговорноста на јавните обвинители. Значајна одредба од предлог-законот е вклучувањето на специјалното јавно обвинителство во системот на Јавното обвинителство во согласност со стратегијата за реформа на правосудниот сектор.

На оваа седница Владата го утврди и текстот на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители со цел да се зајакне професионалноста, но и одговорноста на членовите на Советот на јавните обвинители.

Двата предлог-закона од пакетот-реформска легислатива од планот 18, одат во Собранието со предлог да бидат разгледани по скратена постапка и со европско знаменце за да бидат остварени роковите за нивно усвојување пред да биде завршен извештајот на ЕУ за нашата земја.

Треба да знаете
Последни објави