Search

Пакети со експлозиви најдени на аеродромите и железничката во Лондон

Пакети со експлозиви најдени на аеродромите и железничката во Лондон

Полициските сили за борба против тероризмот разгледуваат три пакети со експлозиви, најдени на аеродромите „Хитроу“ и „Лондон Сити“ и на железничката станица „Ватерло“ во Лондон.

– Малите импровизирани експлозивни направи се најдени во поштенски пакети А4, соопшти полицијата и додаде дека никој не е повреден.

Навигацискиот центар на „Хитроу“ е евакуиран, откако пронајдокот бил пријавен во полиција околу 9:55 часот.

– Овие уреди, во оваа рана фаза на истрагата, можат да направат мал пожар при отворањето, се наведува во соопштението.

Во наредните три часа во Лондон се најдени уште два пакета.

Еден дел од станицата „Ватерло“ беше затворен откако беше пријавен вториот пакет околу 11 часот и 40 минути.

По наоѓањето на третиот пакет, околу 12 часот и 10 минути, персоналот од „Лондон Сити“ е евакуиран.

Специјалци се наоѓаат на местото на настанот и истрагата е во тек.

Треба да знаете
Последни објави