Парондо: Среќни сме што го победивме европскиот шампион

Тренерот на Вардар, Роберто Парондо изрази задоволство од триумфот над актуелниот европски шампион Монпеље во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

– Задоволен сум од победата на овој дуел против тим каков што е Монпеље. Се работи за еврoпски шaмпион и не треба многу да се зборува за квалитетот. Задоволен сум како почнавме, имавме добра разлика и ја одржувавме. Имавме 50 минути одличен меч, но и десет минути од кои не можеме да бидеме најзадоволни, изјави Парондо.

Капитенот Стојанче Стоилов е задоволен од третото место изборено со различен состав од ланскиот.

– Никој од нас не очекуваше да бидеме на 3. место. Си заминаа звучни имиња од нашиот тим, а не беа ангажиравме ракометари со слично реноме кои ќе ги заменат. Сите сметаа дека не сме на нивото од лани, но покажавме дека ова е колективен спорт. Можевме да бидеме и втори, но никој не треба да ни се лути што загубивме од Веспрем бидејќи го победивме овој противник во Унгарија. Сепак, прво треба да го одработиме осминафиналето, а потоа да размислуваме за она што ни претстои, рече Стоилов на прес – конференцијата по натпреварот.

Вардар го победи Монпеље со 33:27 и продолжува во ТОП 16 фазата со амбиции повторно да избори учество на завршниот „Фајнал фор”.

Треба да знаете
Последни објави