Ракитиќ ѝ донесе втора победа на Барселона против Реал за три дена

Фудбалерите на Барселона го добија и второто „Ел класико“ за само три дена и тоа два пати во Мадри откако вечерва славеа со 0:1 над Реал. Претходно во полуфинлето на купот, исто така на Сантијаго Бернабе домаќините не постигнаа гол и загубија со 0:3.

Барселона сега има 60 поени и ја зголеми предноста пред третопласирниот Реал на 12 поени, а втор на табелата е Атлетико со 50 бода.

Победата на гостите беше заслужена, а им ја донесе Иван Ракитиќ во 26 минута со мајсторски гол. Хрватот се извлече по десната страна, одигра двојно подавање со Роберто, по што го претрча Рмос и излезе пред Куртоа и го лобуваше.

Ова беше четврта победа на Барселона во Мадрид на натпреварите од Примера.

Треба да знаете
Последни објави