Евролига: Барселона го порази шампионот Реал во „Ел Класико”

Во шпанското дерби од 24-тата рунда на Евролигата, Барселона го порази шампионот од минатата сезона, Реал Мадрид со 77:70.

Каталонците остварија четврта победа по ред и се петти во пласманот со 15-9, додека Реал е трет во 18-6.

Пред почетокот на натпреварот, му беше оддадена чест на легендата на клубот, Хуан Карлос Наваро, кој играше за Барселона помеѓу 1997 и 2018 година. На специјалната церемонија, беше повлечен дресот со бр.11, кој Наваро го носеше кај Каталонците.

За победниците најпрецизен беше Тома Јуртел со 17 поени и 10 асистенции, а Анте Томиќ додаде 22 поени и 13 скокови.

За Реал Руди Фернандез постигна 15 поени, а Ентони Рандолф додаде 12.

Треба да знаете
Последни објави