Search

Чад во автобус кој сообраќа на релација Скопје-Тетово

Нема повредени патници на автобусот на Руле турс на релацијата Скопје – Тетово, откако вечерва за време на патувањето се појавил чад во автобусот, потврдија од МВР. Претходно, како што пренесоа повеќе медиуми, автобусот застанал покрај патот.

Возачот го сопрел возилото откако се појавил чадот, а патниците безбедно излегле, а откако дошол нов автобус, го завршиле својот пат до Тетово, информираат од СВР Teтово.

Се очекува автобусот да биде однесен на дополнителен технички преглед.

 

Треба да знаете
Последни објави