Search

Цела сала на нозе: Новицки одигра 1.500 натпревари во НБА

Германскиот интернационалец и играч на Далас Маверикс Дирк Новицки влезе во историјата на НБА-лигата.

Тој настапи за својот тим ноќеска на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс и стана четвртиот кошаркар со 1.500 натпревари во најсилната светска лига.

Четириесетгодишниот Новицки за кусо време може да избие на третото место на оваа листа.

Пред него се само Роберт Периш со 1.611 настапи, Карим Абдул-Џабар има 1.560 натпревари и Џон Стоктон со 1.504 НБА средби.

Јубилејот на Новицки не беше прославен со победа на неговиот тим. Клиперс славеа триумф со 121:112.

Но, натпреварот сепак беше во знакот на Новицки. Тренерот Док Риверс го запре натпреварот на девет секунди пред крајот за да му оддаде почит на Новицки, а сите присутни во салата Staples Center го поздравија кошаркарот со овации.

Треба да знаете
Последни објави