Бомба: Марсело се договорил со Јувентус

Иако подолг период се шпекулира дека Марсело би можел да ги следи стапките на Роналдо и да заврши во Јувентус, до денес немаше никакви силни докази кои би можеле да го потврдат таквиот трансфер.

Сепак, сега излезе и прва изјава на фудбалски агент кој потврди дека Марсело многу веројатно ќе се пресели во Торино.

Станува збор за Рикардо Шлипер, агентот на левиот бек на Ајакс, Николас Таљифико. Шлипер потврди дека Реал Мадрид се распрашува за неговиот клиент откако тој дознал дека Марсело ќе се пресели во Јувентус.

-Ми кажаа дека Таљифико се поврзува со Реал Мадрид затоа што Марсело ќе се пресели во Јувентус. Засега никој не ме има контактирано, а мојот клиент има уште две години од договорот со Ајакс. Сепак мислам дека би бил добар евентуален трансфер во Реал затоа што е време за негов напредок во кариерата- коментираше Шлипер.

Треба да знаете
Последни објави