Стуани: Одбив трансфер во Барселона

Фудбалерот на Џирона, Кристијан Стуани, открил зошто минатиот месец одбил да се пресели во редовите на еден од најславните светски клубови, Барселона.

„Постоеше интерес од страна на Барселона. Бев горд поради фактот што таков клуб се интересира за моите услуги, но исто така сум среќен што потпишав нов договор со Џирона“, рекол Уругваецот.

Стуани, неодамна го продолжи договорот со Џирона до јуни 2022 година. Тој сакал да му помогне на клубот да избори опстанок во Ла Лига.

Репрезентативецот на Уругвај оваа сезона има постигнато 13 гола во шпанското првенство.

Треба да знаете
Последни објави