Криштопанс во идеалниот тим на колото во ЛШ

Вардар обезбеди триумф на гостувањето кај Кристијанштад со 32-30 и тоа во меч во кој блескаше Даинис Криштопанс.

„Џинот“ од Летонија даде осум погодоци со што го убеди луѓето од ЕХФ да му дадат место во идеален тим на колото во Лигата на шампионите. Криштопанс е најдобар десен бек, а освен него во дрим тимот се најдоа следниве играчи:

Лево крило: Иван Никчевиќ (Спортинг)

Лев Бек: Барис Пухуски (Мотор)

Среден бек: Себастијан Скубе (Бјерингбро/Силкеборг)

Десно крило: Лук Абало (ПСЖ)

Кружен напаѓач: Јаник Колбахер (Рајн-Некар Левен)

Голман: Ричард Капелин (Кристијанштад)

Треба да знаете
Последни објави