Search

Каков пресврт: Лејкерс „се кренаа од мртвите“ и го поразија Хјустон

Кошаркарите на Л.А. Лејкерс запишаа исклучително важна победа против Хјустон Рокетс на свој терен, со резултат од 111:106 и со тоа си ги зголемија шансите за пласман во плејофот.

Лејкерс пред оваа победа имаа 28 победи и 29 порази, што е дури четири победи помалку од градскиот ривал Клиперс кои се наоѓаат на осмото место, што значи дека победата на овој меч им беше императив.

Домашниот тим не го почна натпреварот баш најдобро, а во финишот на првата четвртина Хјустон веќе направи серија од 8:0 и на првата пауза отидоа со предност од 10 поени (32:22). Двоцифрената предност гостите ја држеа и во поголемиот дел од втората четвртина, а потоа носени од поддршката од трибините домашните играчи до полувремето заиграа нешто подобро и на пауза отидоа со водство над гостите од 58:52.

Кога Хјустон во третата четвртина се „одлепи“ на 19 поени разлика, се чинеше дек Лејкерс го имаат изгубено мечот, но тогаш заиграа многу подобро и до крајот на третиот дел успеаја да ја намалат предноста на гостите на седум разлика.

Со огромна поддршка од домашните навивачи, Лејкерс за кратко време „се кренаа од мртвите“, стигнаа до пресврт и водство, а во таква атмосфера гостите добија две технички грешки и мечот на крајот беше решен во корист на Лејкерс.

Најефикасен играч на мечот беше Џејмс Харден со 30 поени, а кај домаќините најефикасен беше Леброн Џејмс кој мечот го заврши со 29 поени. Инграм постигна 27, а се истакна и Пол кој за Хјустон уфрли 23 поени.

Во останатите мечеви, Кливленд на свој терен ги поразија Феникс со 111:98, а Филаделфија беше подобра од Мајами со резултат од 106:102.

Милвоки на свој терен во исклучително интересен натпревар го порази Бостон со 98:97, а Голден Стејт исто така на свој терен го порази Сакраменто со 125:123.

Треба да знаете
Последни објави