Search

Груевски за „Пинк“: И Гоце Делчев да се појави во Македонија ќе стане азилант

Поранешниот премиер и азилант во Унгарија, Никола Груевски го даде првото интервју за странски медиуми откако е во Унгарија. Тој за ТВ„Пинк“ рече дека од актуелната власт во Скопје постојат обиди Србија некако да се вмеша во неговото бегство.

-Политичкиот прогон е голема срамота за Македонија, не знам како понатаму власта планира да зборува за функционална демократија кога држава членка на ЕУ му доделува политички азил на нејзиниот премиер поради политички проблем, рекол Груевски.

Тој истакнал дека ако Гоце Делчев би се појавил во Македонија, брзо би се нашол како предмет на политички прогон и дека би морал да ја напушти Македонија.

Повеќе за интервјуто може да прочитате на следниот линк: Тв Пинк

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави