Францускиот претседател, Емануел Макрон, го повика денеска неговиот италијански колега Серџо Матарела во официјална посета на Франција, соопшти Елисејската палата по тензијата помеѓу двете земји.
Повикот е испратен преку францускиот амбасадор кој денеска се врати во Италија, откако претходно на 7 февруари беше повлечен во Париз на консултации поради тоа што потпретседателите на италијанската влада, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини, упатија критики на сметка на политиката на Макрон.
Макрон и Матарела неодамна во телефонски разговор го потврдија значењето на билатералните односи и потсетија дека Франција и Италија заедно ја изградиле Европа.
Одлуката за привремено повлекување на амбасадорот следеше по состанокот на Ди Мајо со претставници на граѓанското движење „Жолти елеци“.