Search

МКФ го одложи завршниот турнир во Купот

Завршниот турнир во кошаркарскиот Куп на Македонија нема да се игра викендов. Кошаркарската федерација на Македонија (МКФ) го одложи завршниот турнир поради автобуската несреќа што вчера се случи на автопатот Скопје-Тетово, а во која загинаа 14 лица. Меѓу загинатите е и кошаркарот на Гостивар, Јовица Трпевски (25).

КК Гостивар веднаш побараа одложување на завршницата на Купот, а во четвртокот МКФ донесе одлука завршниот турнир да се одигра во април.

„Трагична сообраќајна несреќа синоќа ја зави Републиката во црно. Четиринаесет лица го загубија животот, меѓу кои и млад кошаркар од клубот Гостивар.

Поради новонастанатата ситуација, Македонската кошаркарска федерација во согласност со организаторот донесе одлука да го одложи завршниот турнир од Купот на Македонија, кој требаше да се одигра претстојниот викенд“, стои во соопштението на МКФ.

Треба да знаете
Последни објави