Search

Шерифи од Вашингтон одбиваат да ги споведат ограничувањата за продажба на полуавтоматски пушки

Шерифите во дванаесет окрузи во државата Вашингтон одбиваат да ги спроведат новите државни ограничувања за продажба на полуавтоматски пушки. Иницијативата одобрена од гласачите во Вашингтон во ноември лани ја зголеми минималната возраст за да може лице да купи такво оружје од 18 до 21 година, како и додаде проширени проверки за купувачот на пушката и услови за складирање на оружјето.

Мерките се сметаат за едни од поопсежните од серијата реформи за контрола на оружјето што беа донесени во САД по масовното убиство во училиштето во Паркленд, Флорида, минатата година.

Меѓутоа, новите правила беа оспорени во тужбата поднесена во федералниот суд од страна на Националната асоцијација за пушки (NRA) и Фондацијата Втор амандман.

Тие сметаат дека новите барања за набавка го кршат правото на носење оружје и се мешаат во регулирањето на меѓудржавната трговија која спаѓа во надлежност на федералната, а не на државната власт.

-Се заколнав дека ќе ги бранам нашите граѓани и нивните уставно заштитени права. Не верувам дека иницијативата го надминува тоа, рече шерифот на округот Грант, Том Џонс.

Поддржувачите на иницијативата велат дека се разочарани, но забележуваат дека шерифите немаат улога во спроведувањето на новите ограничувања до 1-ви јули, кога проширените проверки ќе стапат на сила.

Иницијативата 1639 беше усвоена од околу 60 отсто од гласачите во Вашингтон, девет месеци откако напаѓач  уби 17 луѓе во средното училиште “Маџори Стонеман Даглас” во Флорида.

Треба да знаете
Последни објави