Search

Клоп: Ливерпул оствари импресивна победа

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, рече дека неговиот тим забележа импресивна победа во натпреварот од 26. коло во Премиер лигата против Бурнмаут (3:0).

Германскиот фудбалски стручњак додаде дека играчот од средниот ред, Џорџињо Вајналдум, кој постигнал една од голови на овој меч, пред два дена имал сериозни здравствени проблеми.

– Не бевме задоволни од нашите изданија на претходните два натпревара. Имавме големи надежи денес и забележавме импресивна победа. Вајналлум минатата ноќ не спиеше со нас  во хотелот. Тој имаше дијареа и повраќање пред два дена, па затоа не можеше да биде со тимот во хотелот, изјави Клоп.

Ливерпул по денешната победа повторно е лидер во Англиското фудбалско првенство со 65 бода, три повеќе од второпласираниот Манчестер сити. 

Треба да знаете
Последни објави