Search

Британски рапер загина додека патувал на настап со такси

Британскиот рапер Кадет (Блејн Камерон Џонсон) загина на 28-годишна возраст во сообраќајна несреќа во Стафодшир додека патувал кон закажан настап, објави Би-би-си.

Несреќата се случила рано утрово, а раперот бил на совозачкото место во такси возило. Полицијата потврдила дека музичарот починал на самото место во судир на две возила.

Кариерата на Кадет доживеа скок по песните „Letter to Krept“, „Instagram girls“ и „Advice“.

„Напорно работам секој ден и знам дека ќе дојдам до своето“, рекол раперот во едно интервју.

Треба да знаете
Последни објави