Search

Ахмети: Денес го жнееме она што сме го посеале

Денес го жнееме она што сме го посеале во децениите зад нас, заедно и непоколебливи во целта, напиша лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на својот профил на „Фејсбук“ по повод потпишувањето на протоколот за членството во НАТО.

„Денешниот ден е многу посебен за секој од нас, за земјата, за регионот, но и за евро-американската заедница на заедничките демократски, мирољубиви и солидарни вредности. Да се гордееме што ги доживуваме овие денови заедно и имаме можност да дадеме придонес во реализацијата на нашата цел и градењето на иднината“, напиша Ахмети на „Фејсбук“.

https://www.facebook.com/AliAhmetiOfficial/posts/2070138489689341

Треба да знаете
Последни објави