Search

Агонијата на Њујорк трае, Рас во трипл-дабл ритам

Агонијата на Њујорк Никс трае и по натпреварот со Детроит. Никс го забележаа 22 пораз на последните 23 натпревари. Пистонс победија во „Медисон Сквер Гарден“ 105:92.

Пистонс до победата ги предводеа Блејк Грифин (29 поени) и Андре Драмонд (17 поени, 16 скока). Кај Никс најефикасен беше Денис Смит со 25 поени.

Расел Вестбрук влезе во „луд“ ритам, Бекот на Оклахома го забележа седмиот трипл-дабл во низа. Оклахома ги победија Орландо Меџик 132:122, а Вестбрук забележа по 16 поени и асистенции и 15 скока. Најефикасен кај Тандер беше Пол Џорџ со 36 поени.

Мајами славеа над Портланд 118:108. Доминираа Двејн Вејд (22 поени, 9 скока) и Хасан Вајтсајд (28 поени, 18 скока). Кај Портланд со 33 поени се истакна Си-Џеј Мекалум.

Мемфис Гризлис ги надиграа Минесота Тимбервулфс 108:105. Марк Гасол не играше бидејќи по мечот е трејдуван во Шарлот Хорнетс. Гризлите ги предводеа Мајк Конли со 25 и Џерен Џексон со 23 поени.

Во дербито на Истокот, Торонто Репторс славеа над Филалделфија 119:107. 24 поени постигна Каваи Ленард, четири повеќе од Кајл Лаури и Серж Ибака кој имаше и десет скока. На Филалделфија не им помогна ниту брилијантната партија на Џоел Ембид (37 поени, 13 скока). Бен Симонс постигна 20 поени, со 7 скока и 6 асистенции, а Џими Батлер застана на 18 поени.

Бостон Селтикс немаа проблеми против Кливленд Кавалирс. Џејсон Тејтум со 25 поени ги предводеше Селтикс до победата 103:96.

ЛА Клиперс во трилер-меч ги совладаа Шарлот Хорнетс 117:115. Клиперс имаа негатива од 20 поени, а победија со кошот на Тобајас Херис постигнат на 4,3 секунди до крајот на мечот.

Херис својот последен меч во дресот на ЛА Клиперс го заврши со 34 поени, 7 скока и 5 асистенции. Херис по мечот заедно со Србинот Бобан Марјановиќ е трејдуван во Филалделфија. Покрај Херис кај Клиепрс се истакнаа Лу Вилијамс (31 поен, 6 скока) и Монтрезл Херел (16 поени, 10 скока).

Треба да знаете
Последни објави