Search

Футсал: Македонија ја победи Албанија за прво место на турнирот во Скопје

Футсал репрезентацијата на Македонија го освои првото место на претквалификацискиот турнир за пласман во Елитната рунда квалификации за Светското првенство.

Во решавачкиот дуел за врвот, Македонците вечерва во СЦ „Јане Сандански” ја совладаа Албанија со 3:2, иако гостите на полувреме водеа со 2:1.

Стрелци на головите за Македонија беа Зибери два и Исмаили.

Конечна табела: Македонија 9 бода, Албанија 6, Грција 3, Сан Марино 0.

Пласман во следната фаза обезбедија двете првопласирани репрезентации.

Треба да знаете
Последни објави