Search

Три клуба заинтересирани за Покетино

Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, може да го напушти клубот н акрајот на сезоната. Според „Сандеј Експрес”, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Челзи се заинтересирани за 46-годишниот фудбалски стручњак.

Овие клубови планираат да испратат понуда до Аргентинецот во текот на летото. Тој има важечки договор со лондонскиот клуб до 2023 година.

Покетино го предводи Тотенхем од 2014 година. Во моментов клубот е на третото место на табелата во шампионатот на Англија, со 57 поени по 25 кола.

Треба да знаете
Последни објави