Search

Смртни закани за синот на Вучиќ: „Ќе висиш на бандера“

Синот на српскиот претседател, Александар Вучиќ бил цел на закани и говор на омраза на социјалните мрежи, пренесе „Б92“.

Лице со иницијали, С.М. преку „Фејсбук“ му упатило закани дека ќе виси на бандера.

Медиумите пренесуваат дека лицето кое му се заканувало на синот на Вучиќ, на социјалната мрежа имало објавено фотографија со автоматско оружје.

Настанот го осудија повеќе функционери во српската влада.

Треба да знаете
Последни објави