Контрола на полцијата во угостителски објект во Горно Седларце, приведени седум странски државјанки

Полицијата ноќеска приведе странски државјанки кои во текот на ноќта биле затекнати во угостителски објект во село Горно Седларце, покрај автопатот Тетово-Гостивар.

Министерството за внатрешни работи информира дека ноќеска во периодот од 00.00 до 03.00 часот полициски службеници извршиле акциска контрола во угостителски објект во село Горно Седларце покрај автопатот Тетово-Гостивар. При контролата во објектот биле затекнати 10 женски лица, од кои три од Република Македонија, шест од Република Албанија и едно од Косово. Странските државјанки биле приведени во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен јавен обвинител.

Треба да знаете
Последни објави