Search

Футсал репрезентацијата го победи Сан Марино и обезбеди место во главните квалификации за СП 2020

Македонската футсал репрезентација оствари убедлива победа од 7:0 (5:0) против Сан Марино во меч од претквалификациите за пласман на СП. По вчерашната победа над Грција, Македонија обезбеди најмалку второ место во групата и место во главните квалификации за пласман на СП 2020 година.

Избраниците на Иван Божовиќ вечерва во малата сала на СЦ „Јане Сандански” остварија победа со головите на Зибери, Крстевски, Глигоров, Сефери, Андов, Леовски и Левески.

Македонија и Албанија, која претходно денеска победи против Грција со 5:3, во недела од 20 часот ќе водат битка за првото место во групата „Ц”.

Резултати од група „Ц”, 2 коло:

Македонија – Сан Марино 7:0
Албанија – Грција 5:3

Табела:
1. Македонија 6
2. Албанија 6
3. Грција 0
4. Сан Марино 0.

Треба да знаете
Последни објави