Search

Вејд и Новицки вклучени во „Ол Стар“натпреварот

НБА направи неверојатен гест кон легендарните Двејн Вејд и Дирк Новицки, вклучувајќи ги во составите за претстојниот Натпревар на сите ѕвезди. Бекот на „Мајами“ официјално објави дека ова е последна година за него, додека неговиот колега од „Далас“ официјално не го објави неговото пензионирање, но веројатно ова е негова последна сезона.

Вејд (37) се враќа во „Ол-Стар” натпреварот за прв пат од 2016 година, а Новицки(40) не учествувал на настанот од 2015 година. Двајцата се избрани за шоуто по 13, односно 14-ти  пат, а во 2010 година Вејд беше избран за МВП.

И двајцата беа најавени како „специјални дополнувања” на клубовите и ќе бидат избрани од двајцата капитени- Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо.

Треба да знаете
Последни објави