Search

Нов трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер

Кошаркарите на Денвер го победија Њу Орлеанс со 105:99, а Никола Јокиќ го предводеше тимот, продолжувајќи ја својата серија одлични игри. Едвај во финишот на многу неизвесниот натпревар, Денвер обезбеди победа токму со поените на Србинот, кој го заврши натпреварот со осмиот „трипл-дабл“ за сезоната.

 

Јокиќ го заврши мечот со 20 поени, 13 скокови и 10 асистенции, со три украдени топки и два блока.

Најефикасен во тимот на победниците беше Малик Бисли со 22 поени, Монте Херис додаде 20 поени, 7 скокови и исто толку асистенции, додека Пол Милсап постигна 13 поени и осум скокови.

Во Њу Орлеанс, Џру Холидеј беше најефикасен со 22 поени, 6 скока и 6 асистенции, Кенрих Вилијамс го следеше со 21 поен и 8 скока, а Дариус Милер се истакна со 15 поени.

За Нагетс ова е четврта последователна победа и со скор 35-15 го зазема второто место на Западот, додека Њу Орлеанс е 13-ти со 23-29.

Резултати од НБА:

Бостон Селтикс – Шарлот Хорнетс 126: 94
Мајами Хит – Чикаго Булс 89: 105
Њујорк Никс – Далас Маверикс 90: 114
Минесота Тимбервулвс – Мемфис Гризлис 99:97
Њу Орлеанс Пеликанс – Денвер Нагетс 99: 105
Вашингтон Визардс – Индијана Пејсерс 107: 89
Сакраменто Кингс – Атланта Хокс 135: 113
Портланд Трејлблезерс – Јута Џез 132: 105.

Треба да знаете
Последни објави