Search

Алијанса за Албанците: ДУИ нека го прифати и предизвикот на Села за предвремени избори

ДУИ го прифати предизвикот на Зиадин Села за претседателските избори, ги охрабруваме да го прифатат и предизвикот за парламентарни избори

-Jа поздравуваме едногласната одлука на ДУИ да се натпреварува со свој кандидат на претстојните претседателски избори. Посакуваме кандидатот за претседател од редовите на ДУИ да биде Албанец! Не би сакале да веруваме дека оваа нивна одлука дојде како последица на затворената врата и презир кон ДУИ во однос на нивната лажна идеја за консензуален кандидат, денес со СДСМ, вчера со ВМРО-ДПМНЕ. Се надеваме дека одлуката на ДУИ се должи на предизвикот на претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села упатен јавно преку медиумите, за соочување со ДУИ. Бидејќи ДУИ го прифати овој предизвик, ги охрабруваме да го прифатат и другиот, т.е. распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, велат од партијата

Треба да знаете
Последни објави