Обвинет за обид за убиство со лажен идентитет сакал да избега од земјава

Обвинет за обид за убиство со лажен идентитет сакал да избега од земјава но бил откриен и фатен од полицијата, вчера на ГП Јажинце.

Според полицијата, станува збор за П.П.(33) од тетовското село Сараќино кој се барал со централна потерница за сторено криивично дело обид за убиство. Според пријавата, П.П. во октомври лани во селото Сараќино пукал во 57-годишнен соселанец.

Осомничениот дошол на ГП Јажинце и се пријавил како А.Ш.(33) од селото Сараќино. Полицајците извршиле контрола и утврдиле дека станува збор за лажен идентитет.

 

Треба да знаете
Последни објави