Search

Трамп: Го поддржувам НАТО 100 отсто, но земјите треба повеќе да придонесат

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека стопроцентно го поддржува НАТО, но повтори дека другите земји-членки треба да ги зголемат воените трошоци.

„Ќе бидеме со НАТО 100 отсто, но земјите членки треба да платат“, изјави Трамп во Пентанон, говорејќи за американската стратегија за против-ракетна одбрана.

Изјавата на Трамп се случува во период на нови сомнежи поврзани со американскиот ангажман во Алијансата.

„Не можеме да бидеме поглупави од другите. Тоа не е можно. Нема да не сметаат за такви, а верувајте ми, низ годиниве, тоа го говорат зад наш грб“, додаде Трамп.

„Њујорк тајмс“ пренесе дека Трамп во неколку наврати минатата година на американски високи функционери им кажал дека не гледа интерес во НАТО и дека САД би требале да се повлечат од Алијансата.

Треба да знаете
Последни објави