Search

Кочов посочи што било пресудно за победата на МЗТ над Зрињски

Екипата на МЗТ Скопје ја оправда улогата на фаворит и славеше пред своите гледачи над Зрињски со 97-75 во рамките на 16. коло во АБА2 лигата.

Ова за металците беше седма победа пред своите гледачи, вкупно 11 во оваа сезона со што ја зазема втората позиција во ова регионално друштво. Своето задоволство од прикажаното го посочи тренерот Ѓорѓи Кочов кој воедно обелодени од што е најзадоволен, односно што им ја донесе новата победа.

– Со исклучок на првата четвртина во која примивме 28 поени и бевме лоши во одбраната, во останатиот дел бевме одлични и заслужено го добивме натпреварот. Честитки за играчите за борбеноста. Покажавме и планирана агресивност што ни донесе дури 16 украдени топки, зотоа што сакавме да им вратиме за поразот во Мостар, во тоа успеавме, – рече Кочов.

Треба да знаете
Последни објави