Search

Француски борбен авион исчезна од радарот

Француски борбен авион со двајца пилоти, за време на летот исчезнал од радарот во близина на границата со Швајцарија.

Портпаролката на француските воздухопловни сили соопшти дека станува збор за француски борбен авион „Мираж 2000D“.

Таа додаде дека последната локација која била прикажана на радарот пред исчезнувањрто на авионот е помеѓу регионите Дуб и Жур, планинска област која е завеана со снежни наноси.

Авионот полетал нешто по 11 часот изутринава од воздухопловната база во североисточниот дел на Франција, објави АП. Повеќе информации француските власти најавија за подоцна.

Треба да знаете
Последни објави