Search

Таравари ги информирал европратениците Флекенштајн, Кукан и Вајгл за договорот постигнат со Заев

Генералниот секретар на „Алијансата за Албанците“, Арбен Таравари, заедно со шефот на одделението за евроинтеграции, Арбен Фетаи, денеска во рамките на официјалната посета на Брисел оствари средба со европратениците Кнут Флекенштајн, Едуард Кукан и Иво Вајгл.

Таравари, како што информираа од неговиот кабинет, го информирал Европскиот парламент за политичките случувања во земјата и за ставовите на „Алијансата за Албанците“ на патот напред.

На средбата со тројцата пратеници, кои беа клучните личности на Европскиот парламент во врска со политичките случувања во Македонија во однос на актуелното законодавство на оваа институција, Таравари го образложил договорот постигнат на 8 јануари помеѓу „Алијансата за Албанците“ и премиерот Заев за уставните амандмани предложени од страна на „Алијансата“, информираат од кабинетот на Таравари.

Во соопштението се додава дека соговорниците се согласиле дека овие амандмани, кои имаат цел унапредување на уставната положба на Албанците и градење мултиетничко и демократско општество, придонесуваат и во правец на европеизација на Република Македонија.

„Таравари ги увери соговорниците дека уставните измени ќе се заокружат благодарение на придонесот на ‘Алијансата за Албанците’, која уште еднаш ќе се потврди како една од главните сили за водење на Македонија кон интеграцијата во НАТО и ЕУ. На крајот соговорниците се согласија за итна потреба по завршувањето на процесот на ратификување на преспанскиот договор, Македонија да почне со спроведување радикални реформи за зајакнување на правната држава и за обезбедување сеопфатен социјален и економски развој“, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави