Search

Касами: Без да ни се исполнат барањата нема глас за уставните измени

Ако не се исполнат барањата на Беса, тогаш нема да гласаат за уставните измени. Ова вечерва го изјави лидерот на Беса, Билал Касами во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Условите на Беса се да нема македонско државјанство кај Албанците, да нема заштита само за македонската дијаспора, туку заштита на дијаспората на Македонија.

Касами призна дека можеби во минатото имало руско-турско влијание во Беса преку различни струи кои веќе не се дел од Беса, алудирајќи на групата на Африм Касами.

Денес попладне почна третата фаза од уставните измени. На седницата премиерот Зоран Заев го изложи своето резиме за уставните измени, по што претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и нејзиното продолжение го закажа за утре во 13 часот.

Треба да знаете
Последни објави