Search

Аврамопулос: Потребен е одржлив механизам на ЕУ за мигрантите

Европската Унија ѝ обезбеди помош на Грција во висина од две милијарди евра за решавање на прашањето на мигрантите, изјави денеска европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, истакнувајќи дека помошта од ЕУ не е само финансиска, туку и политичка и оперативна.

„Ако Европската Унија не застанеше зад Грција во текот на сите изминати години, ситуацијата ќе беше неподнослива“, рече тој додавајќи дека Европската комисија ќе продолжи да соработува со грчките власти и ќе ја обезбеди потребната помош, пренесува агенцијата АНА-МПА.

Треба да знаете
Последни објави